Спасовски: МВР е подготвено за локалните избори

Министерството за внатрешни работи е подготвено за локалните избори. Се подготвуваме максимално да овозможиме да имаме мирен  фер и демократски изборен процес и одлична безбедност, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

- Ние се подготвуваме максимално да  овозможиме да имаме мирен, фер и демократски изборен процес и да има  одлична безбедност. Меѓутоа од друга страна се подготвуваме да делуваме во рамки на спречување каква било злоупотреба на  позицијата на кој било функционер во изборниот процес. Стоиме на располагање и ги остваруваме сите барања на  Државната изборна комисија, рече Спасовски на прес-конференцијата.

Додаде дека сите структури во рамките на МВР оперативно веќе почнуваат да делуваат во однос на обезбедувањето на локалните избори,  односно периодот до  одржувањето на изборите и денот на  изборниот процес.

 

 

 

12.09.2017 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега