До крајот на неделата дожд, потоа нов пресврт со времето
Во среда свежо утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 6 до 16 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и малку потопло време со благ пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 21 до 32 степени.
Во четврток и петок по свежото утро со утрински температури од 6 до 16 , односно од 5 до 15 степени во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 23 до 34 односно од 24 до 35 степени.
Во сабота сончево и многу топло време. Минималните температури од 6 до 16 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 25 односно до 37 степени, температури кои што ќе бидат високо над просекот за овој период од годината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа