Словенија ја поддржува Македонија за ЕУ и НАТО без условувања

Словенија ќе ја поддржи Македонија без никакви услови во нејзините евроинтегративни процеси. Ова е пораката која ја испрати словенечкиот претседателот на законодавниот дом Милан Брглес по средбата со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

Во своето обраќање и пред пратениците тој појасни дека клучен фактор за успорениот евроинтегративен процес на земјите меѓу кои и Македонија е неусогласеноста помеѓу истокот и западот но и потенцираше дека земјата мора да остане посветена на тој пат.

„По прашање, на вклучувањето во Евроатлантските интеграции Република Словенија била и ќе биде и понатаму таа која ќе ја поддржува Македонија без било какви дополнителни условувања“, вели Милан Брглес - претседател на Собранието на Република Словенија.

И претседателот на Законодавниот дом на Македонија Талат Џафери ја истакна потребата од поддршка но продлабочување на соработката меѓу двете земји кои немаат отвоени прашања. Тој потсети дека Словенија е меѓу првите земји со кои по осамостојувањето Македонија воспоставила одлични дипломатски односи на кои и натаму треба да се работи.

„Разговаравме за нашите напори за зачленување о ЕУ и НАТО, се заблагодариме на нивната поддршка која постојано ја даваат на Република Македонија во нашите напори за полноправно членство во НАТО и ЕУ. Исто така разговаравме и за потребата за координација понатаму во справување со мигрантската криза“, вели Џафери - претседател на Собрание на Република Македонија.

Покрај обраќањето пред пратениците но и средбата на ниво на претседатели и делегации Брглес се сретна и со членовите и претседателите на Комисиите за надворешна политика и европски прашања, а во агендата се најде и средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Годинава се одбележуваат 25 години од дипломатските односи меѓу двете земји.

 

 

 

12.09.2017 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега