Петрушевски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за кратко време ги обнови сите културни домови
ВМРО-ДПМНЕ продолжиуваат со своите трибини, начин на кој што партијата е уште поблиску до граѓаните и полесно доаѓа до комуникација со нив. Денеска дискусија имаше Комисијата за култура на најбројната партија со Собранието, модераторот на трибината беше Весела Честоева.
На денешната трибина говореше и еден од најдобрите актери во Македонија Ванчо Петрушевски, тој кажа дека не постои место дека не постои село, не постои населба каде актери од Македонија не играле, но дека до 2006 година културните домови кои биле изградени во поранешните режими, биле во катастрофална состојба, вистинско ѓубре.
-За овој краток период сите културни домови се обвновени. Да не заборавиме дека театарот во Гевгелија беше запален и 20 години чекаме за обновување, што се случи по 2006 година. Драмски театар требаше да почне да се реновира пред два месеци, но тоа сега е стопирано, изјави Петрушевски.
Тој напомена дека ансамблите за овие 10 години имаат примено преку 200 млади артисти, дека платите се кренати за најмалку 60 проценти. Петрушевски напомена дека девалвирањето на наградите кои ги воведе Владата на ВМРО-ДПМНЕ, е како да се деволвира Оскарот како филмска награда од некој пратеник.
-Наградата за национален уметник постоела во сите системи, во сите режими и постои, дали ќе се вика национална награда или како и да е, како што е Сер во Велика Британија. Тоа е високо вреднување, кое што на еден начин ја терминира вредноста на самата земја. Таа награда останува во биографијата на нашата држава. Јас слушнев дека тоа биле измислени вредности, тоа го мисли човек кој се занимава со криминогени вредности, изјави Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа