Вучиќ изрази сочувство за загинатите македонски рудари

Српскиот премиер Александар Вучиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите рудари на денешното јавно обраќање на државната телевизија. Тој потенцираше дека Србија се соочува со недостаток на работна сила и затоа мора да увезува работници однадвор.

„Никој не сака да работи во Србија, па ние мораме да земаме работници однадвор да работат тука и за нас“ - истакна тој.

Потсетувме,  двајца рудари од Пробиштип и Крива Паланка ги загубија животите при минирање во рудникот леце во соседна Србија. Се угушиле од отровите во јамата во рудникот.

Дел од рударите сведочеле за несреќата. По несреќата веднаш на лице место пристигнала медицинска екипа, но и покрај напорите на лекарите не било можно да се вратат виталните функции кај двајцата несреќни рудари, кои не давале знаци на живот. Лекарите само ја констатирале смртта.

 

 

 

12.09.2017 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега