Милошоски: Никој не може да носи лични одлуки кои што не се засновани на донесени одлуки кои што ги усвоило Собранието
Колега Џафери никој тука не може да носи лични одлуки, а кои што не се засновани на донесени одлуки кои што ги усвоило Собранието, изјави денеска во Собранието пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Собранието на 31 мај оваа година донесе одлука за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, во тие работни тела набројани се: Комисија за уставни прашања, Законодавно- правна комисија, Комисија за одбрана, Комисија за политички систем и односи со заедниците, Комисија за надворешна политика и ЕУ, Комисија за избори и именувања и сите овие комисии во оваа одлука која што сите ние сме ја гласале и сите треба да ја почитуваме им е доделена надлежност. Во оваа одлика која ова Собрание и сите пратеници ја донеле треба да се почитува, ако сме ние законодавниот дом кој што треба да биде пример за почитување на правото, кај Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците укажува кои се областите за кои што Комисијата за политички систем е матично надлежно работно тело и со кој предлог закони и теми треба да се занимава, истакна Милошоски.
Тој потенцираше дека во овој закон пишува: Лични имиња, лични карти, патни исправи, судство, адвокатура, јавно обвинителство, државни симболи и нивна употреба, државен систем и нивно функционирање, избирачко право, начин на избор на пратеници и претседател на државата, членови на совет и градоначалници, референдум, народен правобранител, Македонска православна црква, Исламска верска заедница и сите останати верски заедници, празници на Република Македонија, организација на управната група и право на употреба на јазиците и писмата на заедниците и со оваа одлука која ја донело Собранието на 31 мај 2017 година Комисијата за европски прашања не е матично тело, туку Комисијата за политички систем и за да може пратениците да ја разгледаат оваа одлука Милошоски побара пауза од еден час за да може пратениците да постапуваат согласно одлуките кои што Собранието ги изгласало.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа