Лашкоска до СДСМ: Цели два месеци не убедувавте и лажевте дека нема да има двозјичност во Македонија

За да го зачувате својот интегритет како координатор на СДСМ требаше да молчте, бидејќи цели два месеци не убедуваве дека нема да има двојазичност, истакна на денешната собраниска седница пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.

-Колега Тунтев вие како координатор на СДСМ, за малку од малку да го задржевте својот личен интегритет сметаме дека требаше да ја премолчите оваа дебатам затоа што цели два месеци излегувавте по два пати на ден овде на говорнице и не убедувавте дека нема да се спроведе двојазичност на територијата на Република Македонија, рече Лашкоска.

 

Таа додаде дека срамоте е СДСМ да тврди дека се работи само за техничка измена во законот.

-Ова е закон спротивен на Уставот на Република Македонија, закон кој што ќе го прошверцувате, по превезот на европското знаме. Закон спротивен на став 1, член 5 од Уставот на Република Македонија. Прашањето за службениот јазик во Република Македонија е уредено во членот 7 амандман 5 од 16.11.2001 година од Уставоти според тој член освен македонкиот јазик и неговото кирилично писмо нема друг јазик што е службен јазик на цела териотрија на Република Македонија, кажа таа.

На крајот Лашкоска го праша Томислав Тунтев и СДСМ дали нивните ставови се најава за промена на Уставот на Република Македонија.

 

 

 

14.09.2017 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега