Пратеникот Зоран Илиоски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за во Битола

Актуелниот пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за Битола, соопшти партијата.

Илиоски како пратеник е  претседател на Комисијата за избор и именување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Водовод“ во Битола, а по професија електротехнички инженер.

По три изборни циклуси, за прв пат ВМРО-ДПМНЕ да кандидира друг битолчанец после актуелниот, Владимир Талески.

За Илиоски, Талески  е еден од најуспешните градоначалници во Македонија и случајот „Транспортер“ во кој СЈО го сомничи Талески, бил наменет од страна на СДСМ само за да го дискредитира.

Главен против-кандидат на Зоран Илиоски  во Битола ќе биде професорката по математика Наташа Петровска од СДСМ.

 

 

 

14.09.2017 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега