Дејан Јовановски фаворит на ВМРО-ДПМНЕ за Центар
Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Дејан Јовановски, ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.
Јовановски е поранешен кошаркар кој во периодот 2012-2013 година беше спортски директор на Работнички, а подоцна работеше и во Агенцијата за млади и спорт. Во мај 2016 г. беше назначен за генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација. На 30 јули ја доби довербата од Централниот комитет на партијата и е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Дејан Јовановски, кој е фаворит во Центар, ќе му се спротистави на Саша Богдановиќ од СДСМ на престојните локални избори.
Дејан Јовановски е роден на 26 март 1973 во Скопје. Кариерата ја започнал во Годел Работнички, каде играл четири сезони. Потоа се префрлил во кавадаречка Орка Спорт. За сезоната 1999/00 на почетокот играл во Никол Ферт, а потоа се префрлил во турски Ојак Рено каде настапувал до крајот на сезоната. За следната сезона играл во Швајцарија, во клубот Лугано, притоа освојувајќи го Првенството и Купот на таа земја. За следната сезона потпишал повторно за Никол Ферт, кога го освоил Купот на Македонија 2002. За сезоната 2002/03 играл во грчки Перистери. Во првата половина на сезоната 2003/04 играл во Фершпед Работнички, додека во втората половина се преселил во француски Шорал Роан Баскет. Следната сезона играл повторно во Франција, но во друг клуб – Елан Шалон. За сезоната 2005/06, која била и негова последна како играч, играл повторно за Фершпед Работнички, освојувајќи ја двојната круна во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа