ВМРО-ДПМНЕ: Владата со неодговорна политика ја води државата кон банкрот

СДС со катастрофалната и расипничка политика во изминатиот период ја води државата кон економски крах и банкрот, велат во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Неодговорната влада на СДС за само 100 дена ги задолжи граѓаните за 350 милиони денари, обвинуваат од партијата.

Економијата тргна во надолна линија, а владата на Заев не престана со луксузирање и расфрлање со парите на граѓаните кои треба да ги враќаат идните генерации.

СДС и Заев удрија врз граѓаните, кратејќи огромни суми на пари од буџетот кои беа наменети за подобрување на животот на секој Македонец. Ги излажа младите и студентите дека веднаш по завршување на образованието ќе бидат вработени. Пензионерите ги понижија со укинување на планираното покачување на пензиите кое наместо над 7.000 денари сега ќе изнесува околу 2.000 денари на годишно ниво.

Владата објави војна кон странските инвеститори, свесно сакајќи да ги отргнат од инвестирање во Република Македонија. Капиталот кој планирале да го вложат во Македонија, сега ќе го преселат во Србија или некоја друга земја од соседството. 

-Граѓаните видоа 100 дена лаги, неспособност, хаос и понижувања. Граѓаните на 15-ти октомври ќе ги казнат погубните и расипнички политики на СДС и Заев, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

15.09.2017 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега