Скопјанец претепан пред својот двор итно префрлен во болница

Синоќа во 1 часот по полноќ во Полициската станица Гази Баба, 49-годишниот Д.С. од село Стајковци, скопско, пријавил дека на 14.09.2017 година околу 20 часот и 15 минути на улицата „1“ во село Стајковци, додека излегувал од дворот со неговото патничко возило „Голф“  со скопски регистарски ознаки, од задната стана го удрило патничко возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице. Двајцата почнале да се договараат како да ја решат незгодата.

По некое време, лицето имало телефонски разговор, а набргу потоа пристигнало патничко возило „Џип“ со скопски регистарски ознаки. Од возилото излегле две непознати лица и физички го нападнале Д.С., удирајќи го во пределот на главата. Д.С. паднал, се удрил во тротоарот, паднал во безсознание.

Подоцна со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“  каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната  помош бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

15.09.2017 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега