Пукање во Делчево поради нерасчистени односи околу деловен објект

Вчера во 14 часот и 05 минути во Полициската станица Дебар, 54- годишниот С.К од Дебар пријавил дека околу 14.00 часот пред неговата куќа, поради нерасчистени односи околу деловен објект, настанала расправија со лицето 48- годишниот Е.С од Дебар.
 
 
Во расправијата Е.С. извадил пиштол, кој го поседувал со дозвола, и испукал еден куршум во воздух, по што го напуштил местото.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Дебар, при што во непосредна близина на куќата на С.К. била пронајдена една чаура од испукан куршум калибар 9мм.
 
Во Полициската станица Дебар бил повикан Е.С., кој во разговорот изјавил дека при расправијата С.К. влегол во куќата, земал кујнски нож и излегол надвор. Тој откако го забележал со нож во рака, го извадил пиштолот, испукал еден куршум и го напуштил местото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

15.09.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега