Каменуван воз во кумановско Черкези

 
Синоќе во 22 часот и 55 минути  во близина на село Черкези, кумановско, помеѓу стојалиште „Карпош“ и железничка станица Куманово, неколку непознати лица извршиле каменување на меѓународниот воз кој сообраќа на релација Скопје–Белград.
 
Притоа, било искршено едно прозорско стакло од еден вагон, сопственост на железница на Република Србија.
 
Од каменувањето нема повредени патници. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

15.09.2017 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега