Со пиштол нападнат и ограбен чувар на скопска фирма

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 24-годишниотА.А., 25-годишниот А.А., 28-годишниот Ш.Џ. и 28-годишниот А.О. сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Пријавените кривичното дело го извршиле на 30.08.2017 година околу 4 часот во скопска фирма на улица „Шарпланинска“, при што од чуварот со закана со пиштол одзеле новчаник со лични документи, пари и два мобилни телефони со што се здобиле со противправна имотна корист од околу 42.000 денари.

А.А. бил пронајден и лишен од слобода, при што во извршен службен разговор со него и со А.А., истите во целост го признале извршувањето на кривичното дело и го објасниле начинот на извршување, додека Ш.Џ. и А.О. се во бегство.

 

 

 

15.09.2017 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега