Пироман запалил сува трева и борова шума кај Крива Паланка

Полицијата од Крива Паланка поднесе кривична пријава против 29-годишен маж поради сомнение за предизвикување на општа опасност.

На 08.09.2017 година околу 14 часот на Габарско ливаѓе, атар на село Габар, Крива Паланка пожарникарите од Територијалната противпожарна единица–Крива Паланка кои биле на гасење пожар на наведената локација, го забележале пријавениот како со запалка ја пали сувата трева, по што настанал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето или на имот од големи размери, при што настанала голема имотна штета каде било изгорено 32 хектари паша и 19 хектари борова шума, сопственост на повеќе лица. 

 

 

 

 

15.09.2017 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега