Зоран Илиоски, угледен и почитуван граѓанин на Битола во трка за градски татко во градот на конзулите

Актуелниот пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски е кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за Битола. Илиоски е дипломиран електротехнички инженер, угледен и почитуван граѓанин во Битола и битолско, стои во партиското соопштение.

Илиоски како пратеник е  претседател на Комисијата за избор и именување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Комуналец“ во Битола, а по професија електротехнички инженер.

Во Собранието на Република Македонија, Илиоски го исполнува следниве активности: Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, член; Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, претседател; Комисија за прашања на изборите и именувањата, претседател; Комисија за локална самоуправа, член; Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член; Комисија за уставни прашања, заменик-член; Комисија за економски прашања, заменик-член; Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член; Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, претседател; Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, член; Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член.

Илиоски честопати ги искажува своите ставови во телевизиски емисии. За унитарноста, прашањето за Законот за употреба на јазиците, за мигрантите…

-Ние како партија стоиме цврсто на позициите дека Македонија пред се, треба да биде унитарна држава, таа е самостојна, независна и суеверна држава, меѓутоа само преку унитарноста може да се оди напред и да се допринесе за подобар живот на сопствените граѓани, истакна Зоран Илиоски во една телевизиска емисија.

Тој додаде дека секое друго редефинирање на таа ситуација ќе предизвика нестабилност на државата, несигурност кај граѓаните, а при тоа и непотребно губење на време и енергија за нешто кое нема да даде резултат.

-Во Уставот е запишана унитарноста на државата, и ние како партија цврсто стоиме на таа позиција и немаме намера да остапиме. Сметаме дека тоа е темел на една држава, а ако темелот се помести тогаш сите ние ќе имаме проблем, вели Илиоски.

По три изборни циклуси, за прв пат ВМРО-ДПМНЕ да кандидира друг битолчанец после актуелниот, Владимир Талески. Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден е на 28.10.1962 во Битола. Македонец. Дипломиран електротехнички инженер, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
 

 

 

15.09.2017 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега