Милошоски: Денес здравството го води човек кој што не верува дека треба да е министер за здравство

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антоиот Милошоски денеска од собраниската говорница истакна дека  здравството денес го води човек кој што не верува дека треба да е министер за здравство.

-Дали ова значи дека министерот за здравство во моментов не е ниту министер за здравство, ниту градоначалник или си води кампања на терен додека некој им говори на студентите по медицина дека имаме добар предлог кои што ќе подобри некои работи во здравството. Или пак министерот  Таравара кој на прес-конференција премиерот Заев кажа дека е многу задоволен од  неговата работа не верува дека овој предлог закон е добар или не е спремен да го брани или не го прочитал, истакна Милошоски.

Тој потенцираше дека во овие 100 дена од новата Влада можевме да се увериме каква неодговорност се случуваше во здравството.

 

 

 

15.09.2017 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега