Работник тешко повреден - страшна несреќа во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во 12 часот и 55 минути во полицијата во Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улицата „11-ти Ноември“ во ФЗЦ „11-ти Октомври“, при пад на метални профили од сајла за транспорт, со тешка телесна повреда  во пределот на главата се здобил работник.

Се работи за 33-годишниот М.С. од селото Горно Којнаре-кумановско. Поради сериозноста на повредите, веднаш бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и државен инспектор за заштита при работа од Куманово.

 

 

 

16.09.2017 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега