Во глисер кај Калишта откриени 30 килограми марихуана

Полицијата од Струга и Граничната полиција за надзор на Охридското Езеро вчера кај струшкото село Калишта откри и заплени речиси 30 килограми опојна дрога „марихуана“.

Дрогата била откриена во моторен чамец – глисер закотвен на бова на околу 300 метри од брегот на Охридското Езеро.

При проверката на чамецот биле пронајдени две црни торби со по 14 пакувања тревкаста материја или вкупно 28 пакувања со вкупна тежина од околу 30 килограми марихуана.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

16.09.2017 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега