Незапаметена трагедија во Македонија: Таткото го удрила струја, синот влегол да помогне па и тој починал

Во 21 часот во селото Сушица во Општина Ново Село, се случила огромна трагедија, кога починаа татко и син.

Полицијата информира дека 54-годишниот И.П. додека се туширал во купатилото, од неисправна електричната инсталација добил струен удар и починал на самото место, а откако тоа го забележал неговиот син, 30-годишниот М.П.сакајќи да му помогне на својот татко и тој влегол да помогне но за жал добил струен удар и починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од СВР-Струмица и од ЕВН.

 

 

 

17.09.2017 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега