Грозоморно убиство утрово го потресе Гостивар

Тело на жена чиј идентитет не е познат е најдено на споредна улица во Гостивар.

Случајот бил пријавен утрово откако случаен минувач ја забележал жената како лежи неподвижна на крак од улицата „Иво Лола Рибар“. Набрзо потоа дошла полицска екипа која го обезбедила местото, а бил повикан и јавен обвинител.Во тек е увид по што треба да биде појасно како настапила смртта и се утврдува идентитетот на жената.

 

Првичните сознанија се дека смртта на жената настапила по насилен пат.

Повеќе информации се најавуваат по завршување на увидот од страна на јавниот обвинител, соопшти МВР.

 

 

 

17.09.2017 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега