Вооружена драма среде бел ден во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 09 часот и 40 минути во СВР-Скопје од страна на приватна фирма било пријавено дека М.А. инаку вработен во фирмата, додека се движел со возило по улицата „2-ра Македонска Бригада“ бил запрен од непознато маскирано и вооружено лице, при што со закана со пиштол му биле одземени околу 300.000 денари пари на фирмата.

Крадецот веднаш избегал откако ги земал парите.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

17.09.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега