ФОТО: Пожар на Пелистер

Густ бел чад веќе половина час се издига од Баба Планина, од страната на Преспа, објави битолската телевизија Орбис.

Според неофицијални информации до кои дојде ТВ Орбис се работи за пожар на потегот од Големо езеро кон Брајчино и Маловиште.

Екипи на ТППЕ се веќе на терен, но бидејќи се работи за тешко пристапен терен, екипите дејствуваат заедно со петмина вработени во НП Пелистер. Дирекцијата за заштита и спасување е известена за пожарот на Пелистер и во зависност од проценката можно е и да биде побарана поддршка од воздух од канадери.

 

 

 

18.09.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега