Попладнево земјотрес го стресе Охрид

Земјотрес со јачина од 2.4 степени според Рихтер беше почувствуван попладнево во 14.44 часот во Охрид. 

Според првичните информации, земјотресот бил на длабочина од 10 километри со епицентар кај малото Преспанско Езеро во Република Грција.

Земјотресот го регистрира охридската сеизмолошка станица, која попладнево регистрира и силен земјотрес од 4 степени по Рихтер кој се случил во Албанија во реонот на Ѓирокастро.

 

 

 

18.09.2017 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега