Цуклев: Паѓаме во рецесија која ќе биде проследена до крајот на годината

Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Отворено со Комисијата за финансии и монетарни политики“ истакна дека Владата на СДСМ ги руши надежите, како на граѓаните, така и на корпоративниот сектор.

Вели дека граѓаните се воздржани во потрошувачката, но и оти корпатировниот сектор е воздоржан од инвестирањето.

-Тоа на среден и на долг рок ќе доведе до намалување на економската активност, затоа што вие ако немате инвестирање, се намалуваат бруто инвестициите, тоа го покажува и статистиката, ако се намалува потрошувачката – паѓаме во рецесија која не само овој квартал, значи ќе биде проследена и во следните квартали од оваа година, посочи Цуклев.

Појаснува дека по долг период во Македонија била намалена платата.

-Што се однесува до растот на минималната плата. Секое друго решение кое не е на основа на економска, на пазарна логика е решение кое што е краткорочно. Такво е и решението кое денеска го имавме и на расправа во Собранието за минимална плата, кое што е една лага на гласачите пред локалните избори, зашто првата плата со исплатата во октомври за септемвриска плата, ќе добијат на некој начин, гратис минимална плата, рече Цуклев.

Според него, доколку на овој начин се зголеми минималната плата, граѓаните или нема да ја добијат минималната плата или ќе работат прекувремено за да стасаат до онаа плата од 12.000 денари.

-Субвенционирањето на минималната плата е вон економска логика. Тоа на краток рок ќе донесе можеби зголемување на приходите кај овие домаќинства кои работат за приходи помали од 12.000 денари. Меѓутоа, тоа на среден и на долг рок нема да носи раздвижување на економијата и подобрување на животниот стандард кај оваа категорија на граѓани, потенцира Цуклев.

 

 

 

18.09.2017 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега