Кузмановска: Со доаѓањето на власт на СДС сведоци сме на еден економски пад

За жал овие три месеци и доаѓањето на власт на СДС сведоци сме на еден економски пад односно слободно можам да кажам фијаско во делот на економијата, ова на денешната трибина со Комисија за Финансии и монетарни прашања го изјави Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Работејќи во Собранието и во оваа комисија за финансии во минатото ние бевме сведоци во креирањето политиките во економскиот дел од ВМРО-ДПМНЕ во време кога во Европа многу силни економии се справуваа со една силна криза и кога посилни економии запаѓаа во рецесија, Република Македонија поради добрите економски мерки и воведувањето на пакетот од четирите анти ктирзни мерки го премости тој процес и единствено само во 2012 година имавме негативен раст, а сите други години почнувајќи од 2006 година имавме раст на БДП за 5,1 процент, во 2007 6,5 проценти и сите овие години се вбројувавме во четирите е најдобри економии и во опкружувањето и во Европа, меѓутоа за жал тоа не можеме сега да го кажеме, потенцираше Кузмановска.

Таа вели дека со ребалансот на буџетот ги видовме првичните познавања на економијата од оваа власт и за жал со нивното непознавање и она што значи креирање на нови странски инвестиции ги одвраќаат инвеститорите односно се она што значеше доаѓање на нови инвестиции сега веќе го немаме.

-Меѓутоа тие знаат на ново отворените фабрики од старата власт да дојдат и да сечат ленти и тоа е едно лицемерие кое граѓаните сигурна сум дека ќе го препознаат. Растот кој го очекуваа оваа власт од 2,2 проценти по ребалансот на буџетот јас и сите економисти сме сигурни дека нема да го остварат. Со овој ребаланс ние имавме кратење на 58 милиони евра на капитални инвестиции, а тоа се кратења нај веќе во образованието и во делот на градењето училишта и универзитети, истакна Кузмановска.

 

 

 

18.09.2017 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега