ВИДЕО: Ова е „средбата“ на Заев со Трамп

Брза но ефикасна. Очигледно ваква била „средбата“ на премиерот Заев со американскиот претседател Доналд Трамп, ако се верува на ова што првиот човек го напиша на социјалните мрежи.

„Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Доналд Трамп предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН“ – напиша Заев на социјалните мрежи.

Но видеото кое може да се најде на интернет покажува дека „средбата“ траела не повеќе од 1 секунда, па се поставува прашањето, колку брзо може да зборува македонскиот премиер за се ова да му го каже на Трамп.

А се сеќавате, како го исмеваа претседателот Иванов. А човекот беше само искрен. Во времето кое американските претседатели го одвојуваат за македонските државници, очигледно е дека може, само да се намигне.

 

 

 

19.09.2017 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега