Заев на отварањето на Генералното Собрание на ОН на прием кај Трамп

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска ќе присуствува на отворањето на генералната дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, кое оваа година се одржува по 72. пат.

Како што информира владината прес-служба, Заев и членовите на владината делегација ќе бидат гости на многубројни свечености по повод отворањето на годинешната сесија на генералната асамблеа на ОН, и ќе имаат повеќе работни и протоколарни средби со шефови на држави и влади, како и со шефовите на дипломатиите на повеќе семји.

Шефот на македонската Влада ќе има билатерална средба со премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, ќе присуствува на прием во организација н претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со првиот потпретседател на Европска комисија, Франс Тимерманс и со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и ќе оствари средба со нив. 

 

 

 

19.09.2017 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега