Манојловски: Дали постојниот закон за јазици се почитува во Тетово?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојловски од собраниската говорница истакна дека на 8 Септември – денот на независноста, во Тетово немало ниту еден претставник од локалната самоуправа.

-Колегите Атанасов и Богоевски кажаа дека законот можеби не е добар, можеби и треба да се повлече, да се доработи, да се изработи квалитетно законско решение. Зошто ова го говорам, колега Димков? Можеби треба да поработиме недовербата да стане доверба. Говорам за Тетово. Несигурноста да стане сигурност. Тоа може само со еден начин, тоа може само дебата, посочи Манојловски, додавајќи дека треба квалитетна дебата, на повисоко комуникациско ниво.

Тој потенцира дека доколку се бараат проширување на нечии права, прво треба да се провери дали истите прави се почитуваат, и колективните и индивидуалните.

-Беа споменати и споменици, господине Трајчо Димков. Во Тетово се отстранети спомениците од борците на НОВ и нема апсулотно никаков слух од општинската власт да ги постави на местото каде што беа, истакна Манојловски, додавајќи дека за сите поставени прашања треба да има дебата.

Рече дека има многу теми кои треба да се отворат, но ги праша пратениците од СДСМ и ДУИ дали постојниот закон за јазици се почитува во Тетово.

-Конкретен пример – Државен универзитет во Тетово, индексите се само на еден јазик, потврдите се само на еден јазик. Јас немам ништо против јазикот. Доколку има закон, треба да се спроведува. Доколку има недоверба, треба да се изгради доверба, потенцира Манојловски.

 

 

 

19.09.2017 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега