ВМРО-ДПМНЕ: Законот за амнестија ги злоупотребува затворениците за изборни цели

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмена реакција на одлуката на Влада за носење на закон за амнестија.

„Заев со амнестија ги лаже затворениците и ги злоупотребува во предизборни цели. Мавтањето со предлог закон за амнестија кон прекршителите на законот, сторители на кривични дела не е ништо друго туку изборна корупција и кохетирање со затворениците пред избори.

Преку случајот на ослободувањето на Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи се покажа дека кога сака СДС и Заев не им е потребна амнестија за ослободување туку тоа се прави преку кршење и злоупотреба на законот.

Зоран Заев е нечесен кон луѓето кои се по затворите. Тој сака да ги искористи како гласачка машинерија, а во реалноста тој ќе ги измами и оваа категорија на граѓани.

Владата на СДС работи со манипулации, создавање на хаос и демонстрирање на бандитизам кој станува нивна главна одлука. Ова граѓаните ќе го казнат на 15-ти октомври“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

19.09.2017 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа