Продолжува посетата на Заев во САД

Премиерот Зоран Заев ја продолжува посетата на САД каде што на 22 септември ќе има обраќање на генералната дебата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

За време на Генералното собрание на ОН, претседателот на Владата предвидено е да има работна средба и со генералниот секретар на Светската организација, Антонио Гутереш, како и повеќе други билатерални средби. Според агендата на престојот на Генералното собрание на ОН, премиерот Заев ќе има средби и со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини и со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Работната посета на премиерот Заев на ОН и на САД ќе трае до сабота, а во состав на владината делегација се и министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми. Вчера премиерот Заев присуствуваше на свеченото отворање на 72. Генерално собрание на Обединетите нации.

 Било разговарано за можноста за олеснување на постапката за вадење лични документи, за можноста за учење онлајн на македонскиот јазик. Премиерот Заев присуствуваше на настан организиран од претседателот на САД Доналд Трамп за приклучување кон политичката декларација за реформата на ОН, каде остварил кратка средба со американскиот претседател. Владината делегација предводена од македонскиот премиер се сретна и со претставници од иницијативата Македонија

 

 

 

20.09.2017 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега