Иванов со честитка за големиот еврејски празник Рош Хашана

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот еврејски празник Рош Хашана, односно започнувањето на еврејската Нова година, упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ и до припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија.

-Ми претставува чест и задоволство, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија да Ви го честитам големиот празник Рош Хашана.  Еврејската нова година значи нов почеток и нова надеж дека во годината што следи ќе нè одминат тагата, неприликите и предизвиците, а ќе ни наминат радоста, успехот и благосостојбата. Рош Хашана е време на благодарност за Божјите благослови, но и период за размислување за Божјите закони. Бидејќи, како што пишува псалмистот Давид, благословени се токму оние кои ги почитуваат божјите закони. Еден од тие закони, кој е истовремено и темел врз кој треба да се градат општеството и државата, е да ги сакаме ближните како самите себе. Честитајќи Ви го прославувањето на Новата година, го посакувам следново: почитувајќи ги културните и религиските разлики да продолжиме и понатаму заеднички да ја градиме нашата држава Република Македонија, се наведува во честитката.

 

 

 

20.09.2017 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега