На „Макфест“ ќе се пее на матрица - наградата 26.500 евра

На барање на штипјани, организаторите во март соопштија дека повторно го враќаат терминот на одржување во месец октомври, така што трите фестивалски вечери ќе се одржат на 5-ти, 6-ти и 7-ми октомври.

Во двете полуфинални вечери ќе бидат изведени по 15 песни, додека во финалето ќе слушнеме 20 композиции, но изведувачите наместо да бидат придружувани од Ревискиот оркестар, како што беше практика последните три години, сега повторно ќе пеат на матрици.

Соња Бишоп од Финска, Емануел Линдстром од Шведска, Тамина Нијазова од Таџикистан, Гунеш од Белорусија, Елвира Микиева од Азербејџан, Антонија Маркова од Бугарија, како и домашните Елена Петреска, Влатко Илиевски, Антонија Гиговска… се дел од натпреварувачите на годинешното, 32. по ред издание на претстојниот фестивал  на забавни песни „Макфест 2017“.

И годинава наградниот фонд ќе изнесува 26.500 евра, односно 10.000 за победничкиот тим, 7.500 за вицешампионите, а 5.000 за третопласираните. Покрај нив ќе бидат доделени и признанија за најдобра вокална изведба, аранжман, дебитант и за најдобар сценски настап, секоја од нив во вредност од по 1.000 евра. За сето тоа ќе одлучуваат меѓународно стручно жири и гласовите во публиката, во сооднос 50:50, а гласањето ќе се одвива по принципот еден телефонски број – еден глас, додека самите учесници ќе имаат можност да заокружат по 3 песни што најмногу им се допаѓаат.

 

 

 

20.09.2017 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега