Иванов упати писмо со сочувство по разорниот земјотрес во Мексико

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до претседателот на Соединетите Мексикански Држави, Енрике Пења Нието, по повод катастрофалниот земјотрес во централниот дел на Мексико, во кој загинаа повеќе од 250 лица.

- „Со големо жалење ги примив вестите за катастрофалниот земјотрес и длабоко жалам за загубените животи, за човечките страдања и големите штети од оваа катастрофа.Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата, и тагата на граѓаните на Соединетите Мексикански Држави, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Сигурен сум, господине Претседател, дека со Вашето лидерство, Соединетите Мексикански Држави брзо ќе ги надминат последиците од оваа природна катастрофа“, се наведува во писмото од Иванов. 

 

 

 

20.09.2017 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега