Тренов: Заев ги излажа земјоделците и им ги крати субвенциите

Заев ги излажа земјоделците. Тој ќе им ги крати субвенциите. Заев едно ветува во кампања, друго прави кога е на власт. Заев пред избори ги излажа земјоделците. Тој во кампања рече: „Вие сте мојот народ, а јас имам работено земјоделие и ја знам земјоделската мака“, ова се зборовите на Зоран Заев на митинг на СДС во Неготино од 28.11.2016 година, вели Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Тренов посочува дека само 10 месеци подоцна Зоран Заев јавно кажува дека нема да има субвенции за земјоделците кои нема да можат да остварат поголемо производство за 10% од претходната година.

-Македонските земјоделци се фрапирани со која леснотија Заев од позиција на власт вели: – „Немаш бе брат субвенции оти си на исти обем на производство од лани“! Ова е потценување на илјадници земјоделци, чиј основен извор на егзистенција е земјоделието. Сега од позиција на власт гледаме како јавно ги понижува земјоделците, нагласува тој.

Тренов додава дека лицемерието на Заев е разоткриено. Граѓаните ќе го казнат Заев за сите манипулации и за сета штета која и ја нанесува на државата, и на економијата, на претстојните локални избори на 15-ти октомври.

 

 

 

20.09.2017 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа