Милошоски: Неуставниот закон за јазици е тука за да рашири магла, за Анѓушев и Мерко да си ги покријат криминалите

На денешната седница во Собранието каде точка на дневен ред е Законот за јазиците, говореше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Тој напомена дека меѓу другите, овој закон го предложиле вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот без ресор Мерко.

 

Тој говореше зошто тие имаат потреба од овој закон, карање меѓу Македонци и Албанци, меѓу политички партии и стереотипи.

-Затоа што против господинот Мерко, сегашен министер, се води постапка за 6 милиони евра проневера за улично осветлување во Струга, наменски формирана фирма Сити Лајт, која што во моментот на тендерот, нема исполнето ниту еден од условите вреден 6 милиони евра, изјави Милошоски.

Тој напомена дека сега е поважно Мерко да им каже дека Антонио не ги сакал Албанците, а да се тргне курсот од неговиот криминал.

-Заедничкиот интерес на Анѓушев и Мерко е тендери, милиони, кеш и пари. Не потребата на граѓаните на Македонија. Овој неуставен закон е тука за да рашири магла, пред избори треба да се гласа, за да се направи политички пазар, не за да донесе поквалитетен живот, туку некој да си ги покрие криминалите кои што ги направил или што има намера да ги прави, изјави Милошоски.

 

 

 

20.09.2017 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега