Мукоски: Македонија се наоѓа пред економски колапс

Граѓаните велат дека ова денес што се случува е класична катаклизма во секоја област и на секое поле. Јас не знам како може воопштво да разговараме за вакви сензитивни теми кога Република Македонија се наоѓа пред економски колапс, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски на денешната собраниска седница.

-Погледнете го извештајот од ММФ од пред два дена, да се зголеми старосната граница за пензија, да се зголемат даноците, да се зголеми акцизата и цените на горивата. А вие за да си исполните еден „deal“ кој го имавте пред 11 декември, Законот за јазици, упорно ја форсирате оваа тема. Се работи за сензитивен закон, за закон за кој сега молчите, а во 2011 сте биле против, им вели Мукоски на колегите од СДСМ.

 

 

 

20.09.2017 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега