Груевски: Перцепцијата на Албанците за ВМРО-ДПМНЕ, резултат на пропагандата на СДСМ

Албанците добиле негативна перцепција за ВМРО-ДПМНЕ само како резултат на пропагандата и кампањата на СДСМ, вели лидерот на опозицијата Никола Груевски во емисијата 200 на Алсат. Според него, тезите за дискриминација врз Албанците и поттикнување на меѓуетнички раздор од неговата партија, се клевети.

Груевски рече дека неговата партија го оспорува законот за јазиците, поради тоа што смета дека е неуставен, а не бидејќи е против употребата на албанскиот јазик.

Прислушувањата Груевски и понатаму ги смета за делумно монтирани материјали кои СДСМ ги искористи за да му наштети на имиџот на неговата партија.

Што се однесува на настаните од 27-ти април во Собранието, Груевски рече дека голем број пратеници од неговата партија помогнале да се спасат колегите од мнозинството од насилната толпа. За пратениците кои ги отворија вратите, Груевски рече дека станува збор за нејасно прашање кое треба да се разјасни. Одговорноста за резултатите од локалните избори, според Груевски, ќе ги сноси претседателот на партијата, односно тој самиот.

 

 

 

20.09.2017 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега