Расправата за законот за употреба на јазиците продолжува утре

Не ВМРО-ДПМНЕ, туку самите функционери на ДУИ кои се замешани во корупциски скандали работат против интересите на Албанците.

Со ваква констатација излезе Антонио Милошоски на денешната собраниска расправа за Законот за јазици. Милошоски обвини дека ДУИ брза да се донесе овој закон со цел да се прикријат  две истраги кои се водат против двајца градоначланици од редовите на интегративците на Али Ахмети.

На ова возврати Артан Груби. Тој посочи дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во собраниската сала за овој закон е сосема спротивно од она во преговорите за влада, кога било преговарано законско решение за албанскиот јазик речиси исто со ова што денес е пред пратенците. Груби вели дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува вака бидејќи останало во опозиција.

- Дека ВМРО-ДПМНЕ вака се однесуваат оти ДУИ на 29 јануари донеле одлука да го остават во опозиција, изјави Артан Груби од ДПА.

Работниот ден помина во реплики, контрареплики и многу процедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на говорот на само еден пратеник – нивниот сопартиец Димитар Стевананџија. Аргументите и понтаму се дека се работи за против уставен закон со кој се воведува двојзаичност, потоа дека е злоупотребен симболот на европското знаме бидејки не се работи за ервропски закон, како и дека е потребна поширока дебата во која ќе се вклучи МАНУ и Институтот за македонски јазиц. На ред за говор чекаат повеќе од 40 пратеници. Расправата по оваа точка продлжува и утре.

Инаку Собранието утрово требаше да почне со нова, итна седница на која ќе се расправа за законски измени во финансиската конструкција за довршување на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Седницата не можеше да почне бидејќи владејачкотот мнозинство не обезбеди кворум.

Талат Џафери успеа да собере потребен број на пратеници дури доцна попладне и тоа благодарение на опозицијата.

По ова, продолжува процедурата за носење на овој закон. На седницата треба да се најде и изборот на нов член на ДИК.

 

 

 

20.09.2017 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега