Денеска продолжува собраниската расправа за законот за јазиците

 

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 15. седница треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците.

Вчера попладне расправата по предлог-законот беше прекината бидејќи Собранието требаше да ги одржи 16. и 17. седница.

Во досегашниот тек од расправата по овој закон и на комисиските расправи и на продолженијата на пленарните седници опозцијата обвини дека законот е неуставен, со него се кршат процедурите и оти неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава. Со законот, обвинија од опозицијата, се дискриминираат и помалите етнички заедници.

Според парламентарното мнозинство, пак, законот е во согласност со Уставот, не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе допринесе за зголемување на соживотот во државата. 

Предлог-законот за употреба на јазиците е во прво читање на пленарна седница. 

 

 

 

21.09.2017 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега