Во Македонија има околу 3.000 затвореници: Колкумина ќе се израдуваат на амнестијата

Во македонските затвори заклучно со 31.12.2016 година имало 2.968 лица, од кои најголем број односно 1.200 затвореници издржувале казна поради кражби.

Најголем број осудени лица издржуваат казна затвор од 3 до 5 години (752 осуденици), а голем е бројот на лица кои издржуваат казна од 5 до 10 години( 719 осуденици). Казна од 3 до 6 месеци 104 лица. Од вкупно осудените, 40 издржуваат казна доживотен затвор од кои 35 поради убиство. Ако се земе предвид дека

Владата предложи закон за амнестија според кој лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци, потполно се ослободуваат од издржувањето на казната тоа значи дека 104 лица веднаш ќе бидат пуштени на слобода. Според предлог-законот сите други осудени лица се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда освен ако не биле осудени на:

- на казна доживотен затвор;

- за кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик;

- кривични дела против избори и гласање (член 158-165-в) од Кривичниот законик;

- за кривични дела против половата слобода и половиот морал и тоа: (член 186, член 187, член 188, член 189, член 191, член 191-а, член 193, член 193-а, член 193-б и член 194) од Кривичниот законик;

- за кривични дела против државата (член 305-327) од Кривичниот законик;

- за кривични дела злосторничко здружување (член 394-394-г), од Кривичниот законик;

- за кривичните дела против човечноста и меѓународното право (член 403- 418-а и од 418-в до 422) од од Кривичниот законик. 

 

 

 

21.09.2017 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега