Седумнаесет сообраќајки во Скопје вчера - едно лице тешко повредено

Возач се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 17 сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 полесно се повредени 15 лица, а во пет сообраќајки е причинета материјална штета. Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои девет возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, 11 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 23 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се 83 непрописно паркирани возила. Санкционирани се и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 75 возила. Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во четврто одделение во ООУ „Кочо Рацин, кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

 

 

 

21.09.2017 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега