Двајца браќа од Битола ограбиле старец

Секторот за внатрешни работи во Битола  поднесе кривична пријава против 30- годишниот А.Н.  и 23- годишниот А.С, и двајцата од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“.

Пријавените на 27.07.2017 година околу 21 часот и 30 минути во паркот кај Саат кулата во Битола, го удриле со рачка од чадор 67- годишниот Л.А од село Лабуништа-  струшко, а потоа од неговиот џеб го извадиле паричникот и одзеле 9.390 денари.

 

 

 

21.09.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега