Прегазена жена итно пренесена на Ургентен во Скопје

Прилепчанката Т.Д.  е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 14 часот и 05 минути на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.

Имено, Н.М. (30) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, движејќи се наназад удрил жената, информираат од полицијата.

Во незгодата 75-годишната Т.Д. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Општа болница Кавадарци била пренесена во Ургентен центар Скопје.

 

 

 

 

22.09.2017 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега