Груевски: Наша цел е Македонија да биде меѓу првите 50 земји на глобалниот индекс за иновации

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната Конвенција на партијата истакна дека иновативноста и креативноста е за доброто на сите.

-Училиштето, јавноста и медиумите треба да придонесуваат за развивање на култура на истражување и развој. Владата мора да има свои истражувачки центри за главните стратегиски прашања за државата. Град Скопје мора да има истражувачки центар. Ова важи и за универзитетите и за големите партии и синдикатите. Стопанските комори мора да имаат свои истражувачки центри. Сите овие центри треба да бидат во постојан процес на комуникација и соработка, а од државата ќе добиваат соодветна подршка, посочи Груевски.

Потенцира дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е на глобалниот индекс за иновации Македонија да биде меѓу првите 50 земји.

 

 

 

22.09.2017 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега