Заев од ОН: На заедничките предизвици да одговориме со заеднички решенија

 

Уверен сум дека ја имаме истата цел - мир во светот. Уверен сум дека ги делиме истите заложби. Уверен сум дека на заедничките предизвици ќе одговориме со заеднички решенија.

Мирот, заложбата за пристоен живот и заедничките решенија се вредностите преку кои

Република Македонија успеа да надмине длабока политичка криза која дури го брануваше и нашиот регион. Ние сме мала земја полна со различности. Минавме низ тешки искушенија, бидејќи се обединивме околу заедничките вредности. Затоа Република Македонија денес е слободна безбедна и стабилна. Република Македонија е пријател со своите соседи и цврсто ориентирана кон целосна интеграција во НАТО и ЕУ, нагласи премиерот Заев.

Честитајќи му го изборот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, премиерот Заев изрази целосна поддршка за реализацијата на неговата, како што рече, амбициозна и потребна агенда.

Премиерот Заев оцени дека се потребни најразлични начини за справување со се почестите конфликти и терористички напади во светот, а тоа, според него, може да се постигне само доколку државите се обединети.

-Унапредувањата на човековите права, демократијата и владеењето на правото мора да бидат во центарот на нашите активности, порача македонскиот премиер, додавајќи дека огромните прекршувања на човековите права низ целиот свет, неказнивоста и недостатокот од одговорност, потсетуваат дека треба уште многу да се направи на овој план.

 

 

 

22.09.2017 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега