УХМР со ново соопштение: Следува дожд
Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој во ноќните часови ќе се прошири на повеќе места. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во југозападните делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
И во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат повеќе застапени во западниот и југозападниот дел од земјава. Локално се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен.
Потоа во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет и локално застапени. Температурата на воздухот ќе биде релативно ниска за овој период, особено од четврток, кога максималната ќе биде во интервал од од 16 до 23 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа