Ќе има ли спас од дождот? - временска за цела недела
Променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд, ќе преовладува во Македонија до крајот на неделава, соопшти УХМР.
Од среда кон четврток врнежите ќе се почести на југот и најинтензивни на југоистокот од земјата.
Од четврток температурите ќе се пониски за неколку степени. Минималните ќе се движат во интервал од еден до 11, а максималните од 15 до 22 степени.
За време на викендот се очекува претежно стабилно и малку потопло време.
25.09.2017 - 11:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа