Ограбена црквата Св. “Жени Мироносици“

 

Во текот на вчерашниот ден од 13  до 08 часот во Струга на улицата  “Маршал Тито“, во црквата Св. “Жени Мироносици“, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, при што се одземени 1.000 денари.

Имено, сторител со употреба на хебла ја оштетил и насилно ја отворил металната решетка на прозорот, влегол во внатрешноста на црквата, каде извршил пребарување, и од дрвена отворена каса поставена на вратата ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

 

25.09.2017 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега