ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Да продолжиме да ја градиме општина Прилеп да биде успешна и просперитетна
Велат – раликата помеѓу успехот и неуспехот е во добриот тим. Должноста на локалната самоуправа и на советот на општината е да ги заштитува интересите на граѓаните а не да ги раководи нивните животи. Затоа не е сеедно кој ќе зборува во име на граѓаните наредните години и дали проблемите ќе им ги решава или намерно ќе ги заборава, посочуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Оттаму велат дека токму затоа на Прилеп му е најпрво потребен тим од чесни сограѓани, родољуби, кои ќе работат заедно кон остварување на визијата општина Прилеп да биде успешна и просперитетна, да биде место кое со гордост ќе се нарекува дом.
-Тоа е тимот од 27 кандидати за советници на советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери. Со гордост можеме да кажеме дека ова е победничкиот тим кој за граѓаните ќе донесе убедлива победа на претстојните локални извбри и кој во наредниот мандат ќе ја продолжи определбата Прилеп да се развива на секое поле. Нема да дозволи општината да стане огромен камп за бегалци, нема да дозволи народот да го тероризираат политички обоени револуционери и слаткоречивиманипуланти, нема да дозволи да запре развојот на општината, новите инвестиции и новите работни места. Нашиот тим на кандидати за советници е одличен спој, одлична синергија од искуство, знаење, енергија и визионерство. Спојот од интелектуалци, спортисти, просветни работници, успешни луѓе од бизнис секторот, млади – со еден збор луѓе кои знаат како дише и пулсира градот е уште еден гарант дека по победата на 15 Октомври општина Прилеп ќе го задржи успешно поставениот курс на напредок и развој, истакнуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Оттаму отворено ја бараат поддршка на прилепчани на локалните избори за да можат заедно со силна посветеност, отчетност и работа да продолжат да го градиме животот во Прилеп.
-Да продолжиме да го градиме местото каде ќе живеат и просперираат нашите браќа, сестри, деца, внуци, соседи. Сами можеме да направиме многу малку но заедно, можеме да направиме се, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа